Младенов: Политичките интерпретации на историјата да бидат оставени во минатото
3 август 2012Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов вчера испратил честитка до својот македонски колега, Никола Попоски по повод националниот празник на Македонија „Илинден“.
„Да ги оставиме политичките интерпретации на историјата во минатото, а општествата и државите искрено да се придржуваат кон евроатлантските вредности на слободата, човековите права, демократијата и владеењето на правото. Цврсто сум убеден дека само така може да биде постигната
економската благосостојба која ја посакуваме сите", истакнува бугарскиот
министер за надворешни работи во писмото.
„Македонија покажа желба активно да работи, за да ги исполни критериумите за
членство во ЕУ. За да има резултати, напорите треба да бидат системски и
трајни", пишува Николај Младенов.
Во писмото се наведува дека Бугарија е подготвена, како и досега, да и
помага Македонија на патот на нејзиното приближување кон членство во ЕУ и во
НАТО