1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младенов: Бугарија нема проблем со Македонија

БГ/ АТ/ бта12 ноември 2012

Денеска во Софија се одржа тројна средба меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија, Грција и Романија. На заедничката пресконференција стана збор и за Македонија.

https://p.dw.com/p/16hFZ
Фотографија: AP

Бугарија нема проблем со Македонија, ние имаме проблем со националистичките изјави на некои политички лидери во Македонија, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Млаедонов како одговор на прашање поврзано со приемот на Македонија во ЕУ. Нашата желба е да се вратиме кон принципите, кои од 1999 беа утврдени од тогашните премиери на Бугарија и на Македонија, и кои во голема мерка ги затвораат сите прашања меѓу двете страни, изјави Младенов на заедничка пресконференција со колегите од Грција и Романија, Димитрис Аврамополос и Титус Корлецјан, денeска во Софија.

Да ги земеме тие принципи, и уште еднаш денес да ги потврдиме, но овојпат со дела, рече Младенов и изрази увереност, дека во еден нормален двостран дијалог, доколку таква желба има од Скопје, ќе биде постигнат договор за формата и за начинот во која тој треба да се случи и така ќе стане реалност на политичко ниво да се преслика она што го глeдaме во секојдневните контакти меѓу граѓаните на двете земји, добрите човечки односи, трговија, туризам и семејни врски. Бугарската страна е целосно подготвена да биде целосно конструктивна во тој дијалог.