Мицотакис: да се усвои сложено име
31 октомври 2007Реклама
Поранешниот грчки премиер и почесен претседател на владеачката партија Нова Демократија, Константин Мицотакис смета дека е неопходен референдум за спорот околу името со Македонија. Повторно се заложи за усвојување сложено име од страна на двете земји, позиција која ја застапува и владата во Атина. Во интервју за грчката телевизија Мега, Мицотакис оценува дека новиот круг преговори кој утре продолжува во Њујорк ќе биде тежок. Тој ги отфрла медиумските написи во кои се тврди дека Грција ќе биде ставена пред свршен чин и меѓународната заедница на Атина ќе и наложи неповолно решение, што ќе биде повод за нови предвремени избори во земјата.