1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Митрева и Бот потпишаа Договор за реадмисија

30 мај 2006

Со копчиња за кошула со Охридски бисер, подарок за шефот на холандската дипломатија, Бернард Бот, македонската министерка, Илинка Митрева дојде во Хаг да побара дополнителна поддршка за евро-интеграцијата на Македонија, но и да потенцира дека земјата презема обврски до крајот на 2007-ма година да ги исполни условите потребни за целосна либерализација на визниот режим за македонските граѓани.

https://p.dw.com/p/Addp
Знамето на Холандија
Знамето на Холандија

Во хотел близу Хаг, Илинка Митрева и Бернард Бот потпишаа Договор за реадмисија, односно за преземање на лицата со незаконски третман. Се скрши чаша со шампањ, што двајцата го протолкуваа како добар знак: “Потпишувањето на договорот е доказ за одличните релации меѓу двете земји. Со тоа и даваме поддршка и ја сметаме за мошне важна вашата кандидатура за членство во ЕУ“, рече Бот по потпишувањето на договорот, кој што важи и за Белгија и Луксембург.

Митрева потенцираше: “Македонија нема да се откаже од реформската агенда“, и додаде:“Не мислам дека два милиона македонски граѓани претставуваат емигрантска опасност за ЕУ. Нашите граѓани сакаат да живеат како Европејци во својата земја, а не како емигранти во унијата. Се надевам дека во вашите важни разговори со колегите министри од ЕУ заклучивте дека визијата за Европа треба да стане посилна, а Македонија да биде дел од неа“, рече Митрева.

По потпишувањето на Договорот за реадмисија двајцата министри разговараа тет-а-тет. Бот, чија земја важи за најголем европски донатор во Македонија, ветил дека финансиската помош нема да запре. Нешто поконкретно околу тоа се очекува на утрешната средба на Митрева со холандската министерка за развој. Нејзиниот протокол се разводнува утре, во затворот во Шевенинген. Поранешниот македонски министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, кој чека да му се суди за командна одговорност во случајот “Љуботен“ , долго размислувал, но на крајот решил да ја прими. Второобвинетиот, Јохан Тарчуловски, одбил да се сретне со македонската министерка Митрева. Бил лут, но не обрзаложил кому.