Мисија на „монетарците“ во Скопје
17 јули 2007Реклама
Меѓународниот монетарен фонд врши еднонеделна контролна мисија на структурните реформи и на состојбите во македонкската економија. Тимот на монетраците од Вашингтон од пред некој ден е во Скопје. Тие ќе го контролираат спроведувњето на Стендбај аранжманот. Освен тоа ќе ги анализираат и бројките за растот на бруто домашниот производ кои македонската влада ги позиционираше на седум проценти во првиот квартал. Стручњаците од ММФ се повоздржани. Тие прогнозираат дека растот на македонската економија годинава ќе иснесува 4,5 проценти.