Мировни разговори во Шарм Ел Шеик
25 јуни 2007Израелското и палестинското раководство по шестмесечна пауза денеска во египетското одмаралиште Шарм Ел Шеик ги продолжуваат разговорите за мировниот процес на Блискиот исток. Покрај палестинскиот претседатеел Махмуд Абас и израелскиот премиер Ехуд Олмерт, на средбата ќе присуствуваат и јорданскиот крал Абдула и египетскиот претседател Хосни Мубарак. Централна тема на разговорите ќе биде ривалството меѓу спротивставените палестински фракции Фатах и Хамас. Египетскиот владин кабинет вчера донесе одлука за префрлување на 350 милиони долари финансиска помош за владата на Абас. Израелскиот министер за социјала Исак Херцог во врска со одлуката изјави:
„ Ние ќе се обидеме да помогнеме со со ограничени средства. Ќе и помагаме и ќе ја поддржуваме владата на Махмуд Абас. Сега кога Хамас е надвор од владата дефинитивно можеме да соработуваме со оваа коалиција„ изјави Херцог