1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минхен: разоружувањето и контролата на оружјето во фокусот

Дојче Веле, Агенции7 февруари 2009

Со големо нетрпение денеска на Конференцијата за безбедност во Минхен се очекува настапот на американскиот потпретседател Џо Бајден за идните насоки на американската политика. Тежиште на Конференцијата е разоружувањето.

https://p.dw.com/p/Gp0J
Франк Валтер Штајнмајер и рускиот заменик премиер Сергеј ИвановФотографија: AP

На Конференцијата за безбедност во Минхен, која започна вчера (06.02.2009) една од главните теми е онаа која е во фокусот неколку минати години: заканата од атомско оружје. За Мохамед Ел Барадеи, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија опасноста е во тоа што се‘ повеќе земји располагаат со технологија за производство на нуклеарно оружје:

„Постои нов феномен на проток на материјали за атомска енергија. Многу земји сега веќе знаат: не мора јасно да настапат како атомски сили, туку да располагаат со одредени знаења и во рок од неколку месеци да произведат атомско оружје. Или ќе преземеме нешто против тоа или да се посетиме на пророштвото на Џон Кенеди, дека било кога, во светот ќе постојат 20 или 30 држави атомски сили.“

Иран не ја прифаќа американската понуда

Земја која наскоро може да располага со атомска технологија е Иран, која на Конференцијата во Минхен ја претставува претседателот на парламентот Али Лариџани. Тој на Запад му префрли дека има двојни стандарди. САД и Израел на пример смеат да имаат атомско оружје, а исламските земји се на удар на критика ако користат атомска програма за цивилни цели, производство на енергија. Иран не стреми кон создавање атомско оружје, потенцира Лариџани. Тој не ја прифати понудата за разговори на новата американска влада, туку формулираше јасни барања до САД:

„Дали навистина верувате дека страдањето кое е нанесено може да се поправи со нов тон и преку неколку настапи преку медиумите? Не, другата страна, САД, мора да ја признаат грешката и да ја променат стратегијата.“

Sicherheitskonferenz in München
Протести на маргините на Конференцијата во МинхенФотографија: AP

Со својата остра критика Лариџани ја пропушти шансата за подготвување почеток на подобра атмосвера и можни разговори.

Штајнмајер: позитивни сигнали

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, кој оваа недела беше на разговори во Вашингтон, сигналите на новата американска влада ги оцени за позитивни:

„Мојот впечаток од Вашингтон е: по долги години ледено доба новата администрација сака директен дијалог со Иран. Јас го поздравувам тоа и апелирам до одговорните во Техеран: искористете ја оваа шанса . Иднината лежи во соработката, па и за Иран.“

Sicherheitskonferenz in München Ali Larijani
Али Лариџани го критикува ЗападотФотографија: AP

Штајнмајер се надева и на нови разговори за разоружување меѓу Москва и Вашингтон. Долгорочната цел во Минхен од страна на Штајнмајер и поранешниот американски министер за надворешни работи Хенри Кисинџер свесно беше утописки формулирана: свет без атомско оружје.

Денеска, на вториот ден од Конференцијата за безбедност во Минхен се очекуваат и францускиот претседател Никола Саркози, германската канцеларка Ангела Меркел, полскиот премиер Доналд Туск и украинската премиерка Јулија Тимошенко. Свое излагање ќе има и македонскиот премиер Никола Груевски.