1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Министрите на ЕУ ги одобрија визните олеснувања

13 ноември 2006

Земјите од Западен Балкан до крајот на месецов ќе започнат преговори за олеснување на визниот режим е добрата вест која претпладнево пристигна од Брисел. Шефовите на дипломатиите на ЕУ донесоа одлука за усвојување на мандатите за преговори со земјите од регионот, меѓу кои е и Македонија

https://p.dw.com/p/Ac1l
Фотографија: DW

Со договорите за олеснување, постапката за издавање виза за патување во ЕУ ќе биде олеснета и забрзана за граѓаните од регионот на западен Балкан. Преговорите треба да почнат уште во текот на овој месец и како што се согласија министрите да бидат што побргу завршени. Визното олеснување ќе се однесува за новинари, професори, студенти, бизнисмени. Цената на шенген визите за земјите од регионот останува непроменета и натаму ќе изнесува 35 евра.

ЕК истакна дека донесената одлука ќе биде многу важен поттик за врските меѓу луѓето од реионот на западниот балкан и ЕУ.

На состанокот шефовите на дипломатиите одобрија и почеток на преговори за реадмисија, односно прифаќање на одбиените илегални имигранти, со Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ.

Советот на министри ги повика властите во регионот на засилени реформи во насока на јакнење на прваната држава, сузбивање на организираниот криминал, корупцијата и илегалната миграција. Исто така потребна е засилена контрола на граничните премини и патните исправи.