1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Министрите за финансии договорија реформа на ЕУ -Пактот за стабилност

21 март 2005

„Дефицитските“ грешници како Германија и Франција добиваат повеќе простор во финансиската и буџетската политика

https://p.dw.com/p/AeP9
Ханс Ајхел успеа да ги убеди колегите за разлабавување на Пактот за стабилност
Ханс Ајхел успеа да ги убеди колегите за разлабавување на Пактот за стабилностФотографија: AP

„Да ,дами и господа,вечерва имате пред вас еден задоволен министер за финансии.“

Со овие ретки зборови германскиот министер за финансии Ханс Ајхел ја отвори прес конференцијата по долгата вонредна седница на министрите за финансии на ЕУ ,која доведе до промена на евро Пактот за стабилност и развојните аспекти токму во смисла која ја посакуваше германскиот министер.

Формално,горната граница за нови задолжувања од три проценти од бруто домашниот производ не е допрена.На тоа укажа луксембуршкиот претседател на Министерскиот совет,Жан Клод Јункер.Но,во иднина три нема секогаш да биде три. За некои години земјите членки можат да направат задолжувања преку три проценти,на пример од 3,5 до 3,9.Ханс Ајхел:

„Не е точно утврдено со бројки,но близу до референтната вредност,не може да биде далеку од неа.Дебатите,кои не можам да ги разберам,дали Германија може да си претстави дефицит од седум или девет проценти,тоа е сето бесмислица.“

Сомнението се појави кај некои помали членки,зашто Ханс Ајхел се обидуваше на секаков начин да ги впише трошоците на германското повторно обединување како основа за зголемените задолжувања.Ајхел тие трошоци ги означи со четири проценти од бруто домашниот производ.На крајот,единство беше постигнато преку компромисната формула,која ја претстави луксембуршкиот премиер и министер за финасии Жан Клод Јункер:

„Пронајдовме систем,кој принципиелно ни дозволува да ги земеме во предвид другите важни фактори.Се договоривме околу тоа на земјите членки и на другите институции да им дозволиме подобро да ги сватат релевантните фактори.“

Германското обединување не беше изричито споменато,но можно е финансирање на европското обединување преку повисоки долгови.Што во него можат да пресметаат одделни од земјите членки во иднина,останува отворено.Во секој случај би се сметало на нетоплатените износи во ЕУ касата.

Германија сега веројатно ќе добие повеќе време да го реши својот дефицит од 3,7 проценти.При непроменет Евро Пакт за стабилност нејзе в година и се закануваа санкции,кои ќе беа токму во невреме,во изборна година за Бундестагот.Европскиот комесар Жоакин Алмуниа,кој сега треба да ја надгледува примената на Пактот,сигнализирање согласност.Неговите компетенции нема да бидат поткастрени.За него е важно што конечно заврши долгогодишниот спор околу Пактот за стабилност.