Милошоски оптимист за евро интеграцииите на Македонија
22 септември 2007Реклама
Македонскито министер за надворешни работи Антонио Милошоски изрази оптимизам со оглед на интеграцијата на Македонија во Европската унија. Доколку реформите се случат во краток рок, ќе се зголемат и шансите Македонија да добие позитивен извештај од Европската комисија - смета Милошоски. Според македонскиот министер за надворешни работи 2007 е година на реформи а 2008 година на европски и евро атлански интеграции. Во однос на прашањето за добивање конкретен датум за преговори, Милошоски смета дека треба да се покаже воздржаност.