Милошоски и Еленовски Брисел
9 мај 2007Реклама
Министрите за надворешни работи и одбрана на Македонија, Антонио Милошоски и Лазар Еленоски денеска во Брисел ја претставуваат програма на постигнувањата и планираните активности што ги презема Македонија за интеграција во Северно атланската алијанса. Македонските министри се среќаваат и со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер, како и со амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија и Словенија.