Милошоски бара поддршка од Друцас
3 декември 2010Реклама
„Република Грција како најстара земја-членка на Европската унија во нашиот регион и докажан пријател на политиката на проширување, преку Солунската Агенда, а денес и со иницијативата Агенда 2014/2018, може да го даде клучниот придонес во ревитализацијата на Европската интеграција на целиот регион“, се вели во писмото на министерот Милошоски. Понатаму се додава дека грчката поддршка за донесување на одлуката за почеток на пристапни преговори со Република Македонија ќе го даде неопходниот политички импулс за тоа.
Автор: АТ/БГ/миа
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска