1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милионски штети !

21 декември 2005

Штрајкот во јавниот сообраќај го парализираше Њујорк. Градските власти најостро ја осудија непопуларната мерка на синдикатот

https://p.dw.com/p/AeN8
Дел од граѓаните одат пеш кон крајните дестинации
Дел од граѓаните одат пеш кон крајните дестинацииФотографија: AP

„Овој себичен штрајк е нелегален. Живееме во правна држава во која може да има силни консеквенци за оние кои ги кршат законите. Членовите на синдикатите не се поинакви„

Вака реагираше синоќа првиот човек на милионската метропола градоначалникот Мајкл Блумберг која за прв пат по 25 години е во сообраќаен хаос. Голем број граѓани во деновите пред Божиќ останаа во своите домови бидејќи речиси е невозможно да се стигне до централниот дел на градот.

Властите стравуваат од огромни штети, кои според проценките би изнесувале над милијарда и половина доколку штрајкот трае една недела. Државниот суд донесе одлука синдикатот да плаќа по еден милион долари за секој ден штрајкување. Вработените исто така може да бидат казнети со двојна дневница за секој ден од штрајкот.

Штрајкот започна вчера изутрина откако пропаднаа преговорите меѓу синдикатите и транспортните власти. 30 илјади вработени во јавниот превоз бараат зголемување на платите и намалување на старосната граница за пензионирање.

Последен пат вработените во овој сектор штрајкувале во 1980 година. Штрајкот тогаш траеше 11 денови.