1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милионска казна за Насдак поради Фејсбук

ЕМФ/афп30 мај 2013

Грешките кој се јавија при излезот на Фејсбук на берзата ќе ја чинат скапо њујоршката берза Насдак. Таа треба да плати казна од речиси 10 милиони долари (7,7 милиони евра).

https://p.dw.com/p/18hC4
Фотографија: Reuters

Насдак ќе ја плати највисоката казна во досегашната историја на берзите. Поради технички проблеми при излезот на Фејсбук на берзата на 18 мај 2012 година, над 30.000 налози на клиенти за купување или продажба на хартии од вредност не биле нотирани цели два часа. Причината за тоа била „лошо поставениот систем“ на Насдак. Американските власти за берзански надзор СЕЦ соопштија дека берзите имаат обврска да обезбедат непречено функционирање на пазарите.

Шефот на Насдак Роберт Грајфелд во отворено писмо вчера (29.05) напиша дека Насдак има преземено мерки за вакви работи да не се случуваат во иднина. За обесштетување на погодените инвеститори Насдак веќе има издвоено 62 милиони долари. Дел од инвеститорите меѓутоа бараат надоместок на штети кои, според нив, се повисоки, а биле предизвикани од хаосот на првиот ден од излегувањето на Фејсбук на берзата.

Излегувањето на Фејсбук на берзата, кое се очекуваше со напрегнатост, заврши со големо разочарување. Курсот на акциите во меѓувреме падна на половина - од 38 на 23 долари за акција.