1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Микро-кредити во Германија

30 октомври 2006

Пред околу 30 години, годинашниот добитник на Нобеловата награда за мир професор Мухамед Јунус од Бангладеш започна да им дава заеми во мали суми на селанките што немаа никаков имот. Со нив жените купуваа машина за шиење или коза и си ја обезбедуваа егзистенцијата. Јунус докажа дека најсиромашните меѓу сиромашните можат кредитите да ги искористат како што треба и сигурно да ги враќаат. Оттогаш постојат мик

https://p.dw.com/p/AeKQ

�окредити како инструмент за помогање на претприемаштвото и на сиромашните во земјите во развој, но исто така и во САД, Велика Британија и Франција. Во Германија овој процес се уште е на почетокот, но и тука нешто полека почнува да се движи.

Стотици илјади мали фирми немаат никаков пристап кон сосема нормални банковни кредити. Додуша, тука не станува збор за 50 долари како во Бангалдеш, но и илјада или 10 илјади евра за големите банки се сосема мали суми. Една мрежа од мали фирми и слободни професионалци од Вестервалд затоа меѓусебно си помага со мали суми.

Андреа Скрипиец секој месец уплаќа десет евра во касата на друштвото Вестервелдер Иницијатива. Ако зделките на самостојниот енергетски советник одат добро, тогаш и тој може повеќе да придонесе. Од овој фонд негвите членови можат да позајмат до 10 илјади евра. Овој кредит, како што објаснува Скрипиец:

„...не е за задоволство, туку служи за тоа на фирмата да и помогне во теснец или за финансирање нова инвестиција„.

Зошто инаку, еден занаетчија едноставно да не оди во банка и да земе заем од чивт илјади евра за да купи нова машина или да премости некое тесно финансиско грло? Ваквите зделки за најголемиот број банки економски не се интересни: потребна е голема работа,а носат мала добивка. Вакви искуства имаат голем број од малите стопанственици и затоа излегуваат со барањата во спомнатото здружение кое на своето собрание решава дали ќе биде одобрен кредит:

„Се разбира дека кога станува збор за поголеми кредити, се бара сигурност. Тогаш како залог се земаат делови од фирмата, машини и слично„.

Како гаранција можат да послужат и автомобил, компјутер или златен часовник. Овој фонд постои веќе 10 години и досега сите долгови навреме се вратени. Затоа оваа мрежа ќе формира микро-финансиска агенција за покраинскиот регион. Таа треба бргу и небирократски да стави на располагање пари за егзистенцијален почеток и за времето потоа:

„Се разбира парите се предаваат со извесна контрола. За да не дојде до трупање на долговите, туку да се бараат алтернативи како може да се вратат парите„.

Кога се даваат микро-кредити, многу повеќе е битна личноста, отколку сигурноста, вели Фалк Цинц од германскиот институт за микро-финансии:

„Станува збор за личен однос на доверба што се гради меѓу кредиторот и оној што го зема. Зборот ’кредит’ доаѓа од латинскиот и значи доверба, и токму тоа е основата за микро-кредитирањето. Значи, првото прашање е: дали таа личност е мотивирана да го врати заемот? Во тоа мора да биде сигурен кредиторот. Потоа се случува првото искуство: ќе дојдат или не назад првите 200 евра? Ако комуникацијата добро се одвива, тогаш следи новиот чекор на кредитирање, па така се следи фирмата во нејзината прва фаза на развој„.

Овие микро-кредити не се подарок. И за нив се плаќа камата од 10 насто. Инаку, од микро-кредитите профитираат пред се запоставените општествени групи: жени, мигранти или хендикепирани лица.