Мизеријата на светот
Тие се тревожни и вознемирувачки - наградените слики на World Press Photo Award 2018 прикажуваат свет полн со страдања, војни, насилство и мизерија. Еве ги победничките фотографии:
„Venezuela Crisis“ - Победничка фотографија
На почетокот само информацијата дека човеков преживеа. Тревожната фотографија ја направи Роналдо Шемит во 2017 година, за време на уличните борби во Каракас, Венецуела. Додека Хозе Виктор Салазар Балза протестирал со илјадници други против претседателот Мадуро, покрај него експлодирал резервоарот на некој мотоцикл. На ѕидот се гледа револвер, пред чија цевка е напишано: Paz (мир).
Населбите на вода во Лагос се загрозени
Со оваа фотографија Германецот Јеско Денцел го освои првото место во категоријата „Совремие“. На неa е прикажана населбата на вода Макоко во Лагос, Нигерија. Омилената туристичка цел е загрозена затоа што плацевите на речното крајбрежје се омилени за купување. Макоко треба да биде урната за на ова место да никнат луксузни апартмани.
Waiting for Freedom - Чекајќи ја слободата
Глетката лаже: овој носорог не умира, туку чека на преселба во рајот - во резерватот Окавагонделта, во Боцвана. Носорозите како овој се загрозени од изумирање поради тоа што ги ловат заради нивниот рог, кој потоа се препродава во Азија. Таму рогот важи за чудесно средство во народната медицина. Фотографијата на Нил Олдриџ победи во категоријата „Животна средина“.
Во потрага по храна
Овој белоглав орел се обидува да се засити со отпадот од контејнерите поставени пред супермаркет на Алјаска. Птицата беше загрозена од изумирање, но во меѓувреме популацијата се опоравува. На островот Уналјаска, каде рибарот и фотограф Кори Арнолд ја направи оваа фотографија победник во категоријата „природа“, живеат околу 5000 луѓе и 500 орли.
Стотици играчи и една топка
Британците се познати по својата ексцентричност, па не зачудува што два тима настапуваат еден против друг два пати по осум часа. Кај Up'ards или кај Down'ards се игра зависно од тоа дали сте се родиле северно или јужно од реката Хенмор. Во играта е дозволено сѐ освен убиство, се вели во правилата за игра направени во 17 век. Фотографијата на Оливер Скарфс беше најубедлива во категоријата „Спорт“.
Резигнација
Ромките Џенета и Ибадета се бегалци во Шведска, каде се зафатени од „синдром на резигнација“. Лежат безживотно без притоа да се телесно болни. Џенета е во ваква состојба веќе две и пол години, додека нејзината сестра - осум месеци. Овој феномен погаѓа само млади луѓе во Шведска, што е чудно. Фотографијата на Магнус Венман победи во категоријата „Луѓе“.
„Јас сум Валдфиртел“
Биоенергетското село Валдфиртел во Австрија има околу 170 жители. Фотографката Карла Когелман од 2012 година секоја година налето ги портретира сестрите Хана и Алена и нивните мали пријателчиња и на тој начин го документира раснењето на децата. Когелман со оваа фотографија ја освои наградата во категоријата „Долгорочен проект“.