Миење на гревовите во Ганг
10 февруари 2013Верниците сакаат во северниот дел на Индија да ги измијат гревовите со капење во реката Ганг. Ова е најважниот ден од 55-дневното празнување. Годината има забележано рекорден број верници на Ганг - 34 милиони. На минатото празнување имаше 27 милиони верници.
Празникот на Хиндусите се одбележува на сливот на реките Ганг, Јамуна и Сарасвати (течение кое постои само во митологијата). Точните параметри се определуваат од страна на астролози, врз основа на позициите на Сонцето, Месечината и Јупитер. Организаторите годинава очекуваат до крајот на празнувањето, на 10 март, да се соберат околу 100 милиони луѓе.
„Досега се‘ тече мирно и во ред“, вели портпаролот Ашок Шарма. Во текот на изминатите децнии постоано доаѓаше до масовна паника, со мртви. Овојпат, за се‘ да виде во ред, се ангажирани десетици илјади полицајци и доброволци.