Меѓу живот и смрт
2 април 2005Јован Павле Втори е блиску до Христус, рече римскиот кардинал Камило Руини, слично се произнесе и надбискупот Анџело Комастри. Во Вадовице, родното место на Папата, и во Краков каде беше надбискуп, многу луѓе со солзи во очите се молеа за Карол Војтила. Келнската катедрала кратко пред полноќ беше отворена за молитва за Папата. Се повеќе луѓе од целиот свет се молат за Папата. Од петокот вечерта илјадници верници дојдоа на плоштадот Свети Патар во Рим, и во овие утрински часови продолжуваат да се собираат верниците на плоштадот Свети Петар.
Италијанската телевизија утрово јави дека Папата напишал и порака посветена на полските сестри и свештени лица, „Јас сум радосен, бидете и вие“ се вели во пораката. Папата кој поради операција на дишните патишта не можеше да зборува во изминатите недели со своите соработници комуницираше писмено.
Здравствената состојба на 84 годишниот Папа драматично се влоши во петокот вечерта, кога почнаа му да откажуваат функциите на срцето, плуќата и бубрезите.