1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меси ќе го избегне затворот со 10 милиони евра

ЖА/миа/макфакс14 јуни 2013

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, кој заработи кривична пријава поради затајување данок од четири милиони евра, според шпанските закони ќе треба да плати казна од 10 милиони евра.

https://p.dw.com/p/18pJn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Меси не е загрозен со затворска казна, како што вчера (13.06) беше пренесено во некои медиуми. Членот на Барселона има опција да постигне договор со Министерството за финансии на Шпанија за плаќање на казната заедно со каматите, со што би се избегнал судски спор. Шпанските медиуми вчера пишуваа дека заради наведеното прикривање, Меси би можел да биде осуден на затворска казна и до шест години. Хозе Марија Молинедо, синдикален лидер во Министерството, објасни дека Меси ќе го избегне судењето ако го плати износот за кој се товари, каматите и казните, со што договорот би се заокружил на околу 10 милиони евра.

Адвокатите на Меси му порачаа да се согласи да ги плати 10-те милиони евра казна и да се заврши неговиот случај.

Аргентинскиот репрезентативец во Барселона годишно заработуваа околу 16 милиони евра и уште толку од спонзорски договори.

Кривичната пријава за Меси и неговиот татко за затајување данок од четири милиони евра се однесува за периодот 2006-2009 година. Според обвинителот, Меси и неговиот родител парите од спонзорите ги добивале на приватни сметки кои ги регистрирале во Уругвај и во Белизе и на тој начин избегнувале плаќање данок во Шпанија.