Меркел ја продолжува посетата на Индија
31 октомври 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел ја продолжи својата посета на Индија со разговорите со уметници и други интелектуалци во земјата. Покрај тоа канцеларката имаше средба со младите луѓе вработени во Гете Институтот во Њу Делхи. Меркел која е придружувана од висока стопанска делегација денеска патува во индиската економска метропола Мумбај, каде што ќе учествува на состанокот на германско-индиската трговска комора.