Меркел – Јапонија
29 август 2007Реклама
Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска е во посета на Јапонија. Една од најважните теми на разговорите со премиерот Шинзо Абе е заштитата на климата. Меркел се надева дека Јапонија, која во јануари го презема претседавањето со Групата 8 ќе продолжи со нејзините веќе почнати проекти за намалување на издувните гасови.