1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел тврди дека Германија не отстапила од курсот

ЕМФ/дапд/дпа29 јуни 2012

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска (29.06) застана во одбрана на заклучоците од самитот на ЕУ во Брисел. Таа тврди дека Германија не попуштила.

https://p.dw.com/p/15O1b
Фотографија: REUTERS

„Останавме верни на нашата филозофија да нема услуга без противуслуга“, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на доаѓањето на вториот ден од самитот на ЕУ во Брисел „Остануваме во нашата досегашна шема - постигнување, помош, кондиционалност и контрола“, рече Меркел.

Таа пред се‘ го истакна планот за создавање „супер надзорна установа“ за банките. Меркел укажа дека земјите кои сакаат да штедат и да спроведуваат реформи, како Шпанија и Италија, ќе добијат олеснет пристап од Европскиот фонд за спас, но со договор ќе треба да се обврзат дека ќе ги исполнуваат годишните задачи зададени од страна на Европската комисија.

Претходно, претседателот на Комисијата за внатрешни работи на Бундестагот, Волфганг Бозбах, инаку сопартиец на Меркел, ги критикуваше заклучоците од самитот и рече дека дел од нив се спротивни на досегашната политика на Германија. „Досега не сме ја пречекориле црвената граница, затоа што секогаш кога до неа ќе стигневме, таа се спушташе надолу“, изјави Бозбах денеска за радиото Дојчландфунк.

Wolfgang Bosbach CDU
Волфганг БозбахФотографија: picture-alliance/dpa