Меркел се закани со поостри санкции за Иран
15 октомври 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел сеуште гледа шанси , преку разговори да се убеди раководството во Техеран да попушти во спорот околу атомската програма. Германија и Русија имаат заеднички интерес да се изнаоѓање решение за ова прашање- изјави канцеларкаат на заедничката пресконференција со рускиот претседател Владимир Путин на крајот од германско-руските владини консултации во Визбаден. Меѓутоа Mеркел нагласи дека доколку разговорите не донесат успех, ќе бидат неопходни нови санкции на меѓународната заедница против Иран. Путин пак соопшти дека тој како и што беше планирано од Германија ќе патува во Техеран на разговори со иранското државно раководство.