Меркел: Прашањето со името мора да се реши
14 февруари 2012Германско -македонските билатерални односи се многу добри, токму како и економската соработка каде што има и голем простор за таа натамошно да се развива, рече германскиот канцелар Ангела Меркел на почетокот на пресконференцијата со македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Берлин. Тема на разговорот беше и можниот почеток на преговори на Македонија за пристапување кон ЕУ. Во фокусот беше и прашањето за членството на Македонија во НАТО и разговаравме за начините, како сакаме да го решиме тоа прашање. Но, прашањето со името мора да се реши, инаку не верувам дека ќе биде можно отворање на преговорите со Унијата и членство во НАТО, нагласи Ангела Меркел.
Никола Груевски рече дека односите меѓу Македонија и Германија се пријателски на севкупно ниво, дека Германија е силен поддржувач на македонските заложби и ги истакна македонските очекување, дека одлуката на Судот во Хаг меѓународно ќе се почитува. Тој ја поздрави германската политика за отворени врати во ЕУ и НАТО.
Автор: Зоран Јордановски
Редактор: Александра Трајковска