Меркел – Полска
17 март 2007Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди од поделба на Европа поради затегнатите односи на Полска кон Германија и кон ЕУ. При посетата на Варшава таа побара од полската влада да го смени ставот по прашањата на енергетската соработка, безбедноста и европскиот устав.
“Европа не смее никогаш да се подели, ниту по стопански прашања како што е снабдувањето со енергија, ниту пак на безбедносен план.
Полска имено ја попречува соработката со Русија на енергетски план, го блокира напредокот на полето на заедничкиот устав на ЕУ и се реши да дозволи инсталирање модерни американски анти ракетни системи без консултација со европските партнери.
Што се однесува до билтаералните односи меѓу Германија и Полска, Меркел посочи дека нејзината влада не ги поддржува барањата на поранешните протерани Германци од Полска во времето на Втората светска војна за враќање на имотот.