Меркел патува за Кина
26 август 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел која денеска патува за Кина потврди дека со тамошното раководство ќе разговара и за состојбата со човековите права во земјата. Врските меѓу Берлин и Пекинг во меѓувреме толку се зацврстија што може да разговараме и за спорни прашања, изјави Меркел. Тема на разговорите ќе бидат и климатските промени и проблемите со технолошката пиратерија. Меркел по Кина патува за Јапонија. Канцеларката ја придружува и висока стопанска делегација.