1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел очекува пробив на самитот во Брисел

Кристоф Хаселбах/Aгенции12 декември 2008

Шефовите на држави и влади на ЕУ предмалку во Брисел го продолжија работниот дел на самитот. Германската канцеларка Ангела Меркел оптимистички изјави дека на самитот постои единство за важните теми.

https://p.dw.com/p/GEUs
Германскиот и британскиот премиер, Меркел и Браун на самитот во БриселФотографија: AP

Германската канцеларка Ангела Меркел, претпладнево во Брисел изјави дека земјите членки на ЕУ се единствени околу усвојувањето на конјуктурна програма за поддршка на стопанството, вредна 200 милијарди евра. Таа ги поздрави заедничките чекори на Унијата против економската криза и нагласи дека земјите членки се подготвени да издвојат 1,5% од својот бруто домашен производ за дополнителните мерки. Меркел нагласи дека сите се согласни оти пакетот треба да помогне за зачувување на работните места во услови на актуелната длабока криза.

Германија досега донесе пакет мерки во вредност од 32 милијарди евра. Неговата вредност одговара само на околу 1% од бруто домашниот производ. Меѓутоа на задоволство на останатите членки на Унијата, Меркел соопшти дека не ја исклучува можноста, Германија наскоро да донесе дополнителен пакет мерки. На оваа тема во Берлин ќе се расправа веќе во недела, но и на почетокот на јануари. Меркел нагласи дека Германија принцпиелно го поддржува ставот на Комисијата, го набљудува развојот и ако е потребно ќе преземе дополнителни мерки. Ова според неа важи особено со оглед на чекорите на новата американска администрација.

Angela Merkel und Nicolas Sarkozy beim EU-Gipfel
Претседавачот со ЕУ, Саркози и канцеларката Меркел во срдечен разговор на самитот во БриселФотографија: AP

Оптимизам и во делот на климатскиот пакет

Меркел е оптимист дека самитот ќе заврши и со единство околу пакетот мерки за заштита на климата. Оваа тема е најтешка пред се во делот околу распределбата на товарот за остварување на амбициозните цели. Европа имено си зацрта „три 20-ки“: за 20% намалена потрошувачка на енергија, за 20% намалување на издувните гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина и зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во вкупниот биланс - исто така за 20 проценти. Овие цели никој не ги оспорува, исто така ниту желбата ЕУ да предничи на овој план во светот. Но секоја земја исто така ги штити интересите на сопствената индустрија. Меркел притоа нагласи дека мора да се води сметка за спојување на заштитата на климата и зачувувањето на работните места. Но, Германија во секој случај ќе води сметка за постигнување на климатските цели, и тоа без задршки“ - порача канцеларката Меркел.

Ирска бара отстапки

На самитот во Брисел се очекува пробив и околу усвојувањето на реформскиот договор од Лисабон. Според најавите, ирската влада има намера да ги повика граѓаните на повторен референдум во текот на наредната година. Но за да ги зголеми шансите за успех на референдумот, Ирска бара и неколку отстапки. Клучните се следниве: гаранции за нејзиниот неутрален статус, задржување на строгиот закон за прекин на бременоста и да има свој претставник во Европската комсија на ниво на комесар, иако договрот од Лисабон тоа не го предвидува. Меѓутоа со оглед на важноста на договорот од Лисабон, постојат големи шанси ирската влада да ги добие сите побарани отстапки. Тоа го најави и претседателотна Европскиот парламент, Ханс Герт Петеринг.

Treffen von Staatschefs in Brüssel
Претседателот на Европскиот парламент, Петеринг со францускиот претседател Саркози на самитотФотографија: AP