1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел не смета со оставка на Вулф

9 јануари 2012

Германската канцеларка Ангела Меркел, според зборовите на нејзиниот портпарол, Штефен Зајберт, не смета дека Сојузниот претседател Кристијан Вулф ќе поднесе оставка.

https://p.dw.com/p/13gT3
Меркел застана зад ВулфФотографија: dapd

„Сојузната канцеларка не гледа повод да размислува за наследник на функцијата Сојузен претседател“, изјави денеска портпаролот Штефен Зајберт. Според Зајберт, канцеларката ќе присуствува на новогодишниот прием кај претседателот Вулф во четврток (12.01) и се радува на средбата. Портпаролот на канцеларката нагласи дека коалиционите партнери во Берлин не се договараат околу наследник на Сојузниот претседател, кој е под силен притисок поради аферата со кредитот за неговата куќа и обвинувањата за притисок врз медиумите.

Претходно, опозиционите СПД и Зелените понудија своја соработка во случај на повлекување на Вулф од функцијата. За време на викендот повеќе весници пишуваа дека во владејачката коалиција се прават планови за наследник на Вулф. Во саботата (07.01) пред резиденцијата на Сојузниот претседател во Берлин неколку стотини луѓе бараа негова оставка поради тоа што Вулф, како што соопштија организаторите од здружението „creative lobby for future“, веќе не е „демократски пример“.

Автор: ЕМФ/дпа/дапд

Редактор: Б. Георгиевски