1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Не е време за ширење на ЕУ

АТ/ дпа/ дапд/ ртр/ афп13 декември 2012

Хрватска најверојатно ќе и’ пристапи на ЕУ во 2013 година. Во овој момент Унијата нема да носи одлуки за почеток на пристапни преговори со натамошни земји, изјави канцеларката Ангела Меркел.

https://p.dw.com/p/171jk
Berlin/ Bundeskanzlerin Angela Merkel (CDU) gibt am Donnerstag (13.12.12) im Bundestag in Berlin eine Regierungserklaerung zum EU-Gipfel ab. Die Europaeische Union will beim anstehenden EU-Gipfel ueber eine Vertiefung der Wirtschafts- und Waehrungsunion als Konsequenz aus der Schuldenkrise beraten. (zu dapd-Text) Foto: Michael Gottschalk/dapd
Merkel Regierungserklärung zum EU GipfelФотографија: dapd

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека Европската унија не е во состојба во блиска иднина да прими нови членки. На средината во 2013 година кон Унијата веројатно ќе пристапи Хрватска како 28 земја членка, изјави канцеларката во обраќањето пред Бундестагот, неколку часа пред самитот на ЕУ, кој почнува денеска (13.12) попладне.

„Но во овој момент (...) нема да донесуваме одлуки за почеток на пристапни преговори со натамошни земји. За тоа, според наше мислење, се’ уште не е време“, рече Меркел.

Во иднина уште повнимателно отколку досега ќе се проверува дали земјите кандидати за пристап ги исполниле стандардите на Унијата, кои се бараат од нив на економски план и по прашањето за конкурентност, подвлече Меркел. „Тоа е неизбежно, за во Европа навистина да можеме и да живееме со нашите вредности и стандарди“, заклучи германската канцеларка на тема проширување на ЕУ.

Symbolbild EU-Erweiterung
Фотографија: Getty Images

Мерките за штедење покажуваат резултати

Ангела Меркел во говорот во Бундестагот ги пофали мерките за штедење кои се спроведуваат во Ирска, Шпанија, Португалија и Грција. Таа воедно призна дека на граѓаните на овие земји не им е лесно: „Но трудот не е залуден. Напорите покажуваат резултати“.

Канцеларката и’ оддаде признание на Ирска, која го намали својот дефицит, и ги пофали Португалија, Шпанија и Грција поради намалување на трошоците за плати. Сите земји членки во меѓувреме се подготвени со своите стабилни пресметки да постигнат поголема конкурентност, оцени канцеларката.

Во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел Меркел од германскиот парламент сепак повика на повисок степен на координација во рамките на ЕУ, бидејќи падот на конкурентноста во една земја членка може да значи проблеми за сите останати земји на Унијата.

Deutschland Bundestag Euro Finanzkrise Plenarsaal
Фотографија: dapd

Ангела Меркел назначи дека Германија е подготвена со своите европски партнери да пружи ограничена финасиска помош, за тие повторно да станат конкурентни на пазарот. Но ова не смее да биде сфатено како „изговор за нови извори за финансии“, предупреди канцеларката.

„Фаустовски договор“ Меркел и Камерон

Сепак шефот на германските социјалдемократи Зигмар Габриел и‘ префрли на конзервативната канцеларка дека со настојувањето за штедење ја води Европа во рецесија. Тој ја обвини Меркел за „Фаустовски договор“ со британскиот премиер Дејвид Камерон, со кој се оневозможуваат средствата неопходни за стопански пораст. „Парите треба да се бараат од доверителите и акционерите, а не од даночните обврзници“, рече шефот на СПД.

Што се однесува до договорот кој министрите за финансии на ЕУ го постигнаа за надзор на европските банки, Меркел реагираше со олеснување. „Не може доволно да се истакне вредноста на тоа“, рече канцеларката. Со тоа се спроведени и темелните барања на Германија. Во случај во некоја голема банка да тргне во надолна линија, во догледно време може да се преземат и мерки против тоа. Германската кацеларка во своето обраќање повторно како централна тема во Европа ја спомена невработеноста меѓу младите.