1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел не го разубеди Качински?

17 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AxS3

Од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел за состанокот со полскиот претседател Лех Качински соопштија само дека поминал во добра атмосфера. Советникот на Качински, Марек Чичоски, пак синоќа за полската телевизија изјавил дека нема напредок во разговорите меѓу Меркел и полскиот претседател.

Целта на состанокот во Мезеберг, беше Меркел да го разубеди Качински да не вложува вето на договорот за европскиот Устав .

Варшава е против предложениот систем на гласање во ЕУ и бара повеќе гласови за помалите земји членки.

Меркел претходно апелираше до сите членки на ЕУ да изразат подготвеност за компромис за да се пронајде излез од уставнта криза на Унијата. Германија има подготвено предлог решение кое за кое ќе се дебатира на претстојниот самит следнава недела.

Германската канцеларка денеска во Мезеберг ќе се состане и со чешкиот премиер Мирек Тополанек. Само Чешка ја поддржува Полска во барањата за смена на системот за гласање.