1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Саркози го придобиваат Медведев

19 октомври 2010

На тројниот самит со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози во Довил, рускиот претседател Дмитри Медведев вети дека ќе дојде на самитот на НАТО во Лисабон.

https://p.dw.com/p/Phgd
Ангела Меркел, Никола Саркози и Дмитри Медведев во ДовилФотографија: AP

Рускиот претседател Дмитри Медведев, на тројниот самит во француското одморалиште Довил не се изјасни директно околу евентуалното учество на неговата земја во планираниот анти-ракетен штит на НАТО. Но, затоа испрати сигнали дека постои подготвеност од руска страна да се разговара за учество во проектот. Прво ќе почекаме да видиме какви се замислите на НАТО, нагласи Медведев на заедничката прес-конференција со Саркози и Меркел.

Frankreich Deutschland Russland Nicolas Sarkozy Angela Merkel und Dmitri Medwedew in Deauville
Заеднички интересиФотографија: AP

Канцеларката Меркел во таа прилика порача:

„Ме радува тоа што рускиот претседател Дмитри Медведев рече дека ќе дојде на самитот на НАТО во Лисабон. Тоа е добра вест, затоа што односите меѓу Русија и Алијансата треба да ги ставиме на разумна основа. Во современиот свет постојат закани по безбедноста, кои не’ загрозуваат и Русија и нас. А, освен тоа, многу позитивен знак е и тоа што постигнавме согласност околу санкциите за Иран, оставајќи и’ при тоа на владата во Техеран и место за соработка, доколку покаже дека нејзината атомска програма е навистина за мирољубиви цели“, нагласи Меркел на заедничката прес-конференција со Медведев и Саркози во Довил.

Неопходна е нова безбедносна структура

Меркел порача и дека е неопходно да се создаде нова безбедносна структура, со која ќе може подобро да се реагира на новите ризици во светот. Канцеларката Меркел се изјасни и за забрзување на преговорите околу договорот меѓу Русија и ЕУ. Една од важните теми притоа е проблемот со визниот режим за руските граѓани при патувањето во ЕУ, но има и други отворени прашања, нагласи Меркел. Таа оцени дека е неопходно постигнување модерен, современ договор со Русија и додаде дека Германија и Франција ќе ја поддржуваат Русија во намерите договорот да биде склучен што побрзо.

Автор: ГЧ/ТТ/дпа/дв

Редактор: Жана Ацеска