1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Качински не постигнале согласност

17 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AxTL

Полска и Германија не постигнале согласност во спорот околу идното гласање во ЕУ. Полскиот претседател Лех Качински по враќањето од средбата во Мезеберг изјавил дека двете страни останале на своите позиции, но дека постои желба на претсојниот самит на Унијата да се пронајде компромисно решение.

Варшава бара повеќе гласови за помалите земји членки. Меркел на оваа тема денеска има средба и со чешкиот премиер Мирек Тополанек и луксембуршкиот Жан Клод Јункер. Германија има подготвено предлог решение за излез од уставната криза за кое ќе се дебатира на претстојниот самит следнава недела.