1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел за европскиот устав во Португалија

12 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag4z

Германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа во Португалија на советувања околу идниот европски устав.Меркел во близина на Лисабон води разговори со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо,претседателот на Европскиот парламент Ханс Петеринг и португалскиот премиер Сократес.Тој ја повика канцеларката Меркел да придонесе за придвижување на 27 земји од ЕУ во однос на преговорите за европскиот устав.