Меркел е најмоќна жена на светот
23 август 2012Германската канцеларка Ангела Меркел и оваа година на листата на Форбс е прогласена за најмоќна жена на светот, пред американската државна секретарка Хилари Клинтон и бразилската претседателка Дилма Русеф.
Ова е петти пат во последните шест години Форбс да ја стави канцеларката Меркел на чело на листата највлијателните жени на светот.
На четврто место се најде Мелинда Гејтс, копретседателка на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, а на петто место е Џил Абрамсон, уредничка во Њујорк Тајмс.
Меѓу првите десет се најдоа и Соња Ганди, лидерката на најголемата опозициска партија во Индија, Мишел Обама, првата дама на САД и Кристин Лагард, главна директорка на ММФ.
На листата со најмоќни жени на светот, доминираат Американките, а само 11 се од Европа.