1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел е за создавање заедничка европска армија

23 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLS

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни во полза на создавање на европска армија и појасни структури на Европската Унија . Таа за весникот Билд изјави дека Унијата мора да постигне согласност околу заедничка европска армија . Покрај тоа Европската Комисија мора да биде поделотворна со јасно одредени надлежности. Меркел ќе биде домаќин јубилејниот Самит на ЕУ во Берлин во недела , на денот кога се навршуваат 50 години од потпишувањето на т.н „Римски протоколи“ , кои важат за камен темелник на денешната Унија .