Меркел – Европа
21 март 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди од можна поделба на Европа околу плановите на САД за поставување систем за заштита од ракети во Полска и Чешка. За весникот „Рајнише Пост„ од Дизелдорф Меркел изјави дека Европа би загубила од силата и способноста да го истакне сопствениот став доколку е неединствена. И во другите области, како на пример во енергетската политика , мора да се стремиме кон заедничка позиција на Европејците – порача Меркел.