1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Во Германија важи германското право

АТ/ афп/дпа/ап/ртр19 јули 2013

Германската канцеларка Ангела Меркел извлече позитивен биланс од работата на сојузната влада. Во однос на аферата со шпионирањето, таа повторно вети целосно расветлување на фактите.

https://p.dw.com/p/19AlK
Фотографија: Reuters

Таа лично за веројатното шпионирање на податоци и надгледувањето била информирана преку извештаите во медиумите, рече канцеларката Ангела Меркел на традиционалниот летен настап пред медиумите на конференцијата за печатот во Берлин. Расветлувањето на фактите е во тек, затоа, смета Меркел, таа не е во можност да направи анализа на американската програма за надгледување „Призма“.

„Ние проверуваме што се случува. Дали е тоа само врв на ледениот брег или нешто помалку, или нешто друго“. Меркел нагласи дека при надгледувањето на податоците не би смееле да бидат користени сите технички можности. Целта не секогаш ги оправдува средствата. Канцеларката во овој контекст се изјасни дека е неопходно внимателно одмерување меѓу слободата и безбедноста. Германија не е држава која надгледува, туку земја на слобода.

Помош за заштита на податоците за граѓаните

Меркел освен тоа најави каталог од осум точки за подобрување на заштитата на податоците. Кон тоа припаѓаат и преговорите со САД и други програми за надгледување како и изработка на ЕУ стандарди, за тие во областа на информационите технологии да бидат доведени на ниво на развој на техниката. Во Германија би морало да важи германското право и онаму каде тоа не било случај, би морало се' да биде сторено, за тоа да се обезбеди во иднина.

Но, исто така и граѓаните мора да бида поактивни во односот кон нивните податоци. За таа цел германската влада ќе понуди поддршка. Како конкретно тоа треба да изгледа, канцеларката не беше конкретна, исто како и при одговорот на прашањето: какво влијание ќе има аферата врз германско-американските односи. За консеквенции е прерано, смета Меркел. „На нашите американски партнери им е потребно време за проверка. Јас порадо би почекала“. Но, не смее ништо да се става под тепих. Канцеларката притоа го заштити министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фирдрих, кој поради аферата е мета на критика. Фридрих добро ја врши работата, смета Меркел.

Шефицата на германската влада обраќањето го започна цитирајќи се самата себеси со зборовите: „Оваа германска влада е најуспешната сојузна влада по повторното обединување“. Оваа реченица, смета канцаларката, се'уште е валидна.

Состојбата во Германија, од аспект на стопанството, е добра. Бројот на работоспособни со речиси 42 милиони е висок како никогаш досега. Консолидацијата на буџетот напредува. Уште во 2014 година германската влада смета со благ плус.

И натаму со ФДП

Исто така и во однос на борбата со финансиската криза во еврозоната канцеларката извлече позитивен меѓубиланс. Во кризните земји дефицитите значително опаднале, додека каматите за државните обврзници значително се намалиле. Да се обезбеди стабилноста на еврото меѓутоа е тема и за во иднина.

Меркел исто така се произнесе за продолжување за досегашната владина коалиција со либералите (ФДП) по парламентарните избори во септември. По почетните потешкотии, соработката е добра, се' друго канцеларката смета дека се несигурни варијанти.