Меркел-Африка
8 октомври 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна од турнејата низ Африка. Меркел се изјасни за впечатливо и интересно патување. Во изминатите денови таа ги посети Либерија, Јужна Африка и Етиопија. Синоќа во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, Меркел изрази поддршка на напорите на претседателката Елен Џонсон за обнова на земјата. Министерката за развој Хајдемари Вичорек Цојл вети дополнителни 4 милиони евра помош за западноафриканската земја. Германската помош досега изнесуваше 18 милиони евра.