1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мерил Стрип освои „Златна мечка“ за животно дело на Берлиналето

15 февруари 2012

Американската актерка Мерил Стрип беше со воодушевување пречекана на Берлиналето, каде доби „Златна мечка“ за животно дело. На фестивалот го претстави последениот филм, во кој ја глуми Маргарет Тачер.

https://p.dw.com/p/143V7
Фотографија: AP

Таа подели една цела нација – се’ до денес. За едни ангел на смртта на работничкото движење, за други, пак, успешна економска реформаторка. Маргарет Тачер никого не остави рамнодушен.

Од друга страна таа, Мерил Стрип, е сакана од сите, дури и по триесет години во шоу бизнисот. Јубилеен прием на Берлиналето како за тинејџерска ѕвезда.

„Возбудена сум што сум овде. Сите зборуваат дека е студено, а јас не мислам дека е толку студено. Прекрасно е“, изјави Мерил Стрип на црвениот тепих на Берлиналето.

Meryl Streep Die Eiserne Lady Filmstill Still
Последното филмско остварување на Мерил Стрип е улогата на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.Фотографија: Concorde Filmverleih

Без сомнение, филмот од Мерил - Маргарет, ќе биде голем филмски хит. Филмот раскажува од аспект на сегашноста – како Маргарет Тачер како пореметена пензионерка не може да се справи со смртта на својот сопруг.

Челичната Лејди, тоа наскоро станува јасно, не сакала себе си да се поштеди и затоа и другите не можеле да бидат поштедени.

„Мислам дека е тешко да ја имате Мерил Стрип во која било улога, а да немате чувство дека имате човечко суштество на екранот. Мислам дека не ни сакате тоа да биде поинаку. Големите актери се за тоа“, изјави режисерката Филидија Лојд.

Поради тоа Челичната Лејди повеќе не е сакана, но можеби благодарение на Мерил Стрип сега за првпат би можела да биде разбрана.

„Челичната Лејди“ е се’ само не политички филм, но тој навистина предизвика вжештена политичка дебата во Англија. Смее ли да се прикажува некогашната Челична Лејди како слаба стара жена? Во секој случај, филмот без таа перспектива ќе биде здодевен, а за среќа во киното има различни закони отколку во политиката.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Керштин Хилт / Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска