Мексико – авионска несреќа
6 јули 2007Реклама
Во принудното слетување на патнички авион во Мексико животот го загубија девет лица. Уште четири лица беа повредени кога патничкиот авион по несреќното полетување принудно слета на една улица во градот Кулиакан. Меѓу жртвите се три лица од посадата на авионот, четворица патници од автомобил што се нашол на улицата и тројца војници од возило на мексиканската армија.