1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Медведев денеска ќе биде избран за руски премиер

ЕМФ/ЖАдв/дапд/ртр8 мај 2012

Во Москва денеска (08.05.) парламентот треба да го избере Дмитри Медведев за нов премиер на земјата. Вчера (08.05.), на функцијата претседател на земјата беше инаугуриран Владимир Путин.

https://p.dw.com/p/14rVC
Фотографија: dapd

Владимир Путин уште есента 2011-та година најави дека по претседателските избори ќе го предложи Медведев за премиер. Руската либерална опозиција ја критикува таканаречената „рокада на Црвениот плоштад“ како недемократска. Десетици илјади луѓе во текот на изминатите два дена излегоа на демонстрации против Путин. Имаше и судири со полицијата и апсење на стотици луѓе. Противниците го обвинуваат Путин дека ја води авторитарно земјата и за фалсификат на претседателските избори во март и на парламентарните избори во декември минатата година.

Путин, пак, вчера (05.05) во својот инаугуративен говор, се заложи за единство и решителност на Русите. „Нашите цели ќе ги исполниме само ако сме обединети, ако ја сакаме нашата татковина, руската демократија и нејзините уставни права и слободи“, рече тој во парламентот во Москва. Путин беше претседател на Русија во периодот од 2000-та до 2008-ма година, по што на претседателската функција дојде Медведев, а тој ја презеде премиерската должност.