МВР го презентира оружјето запленето во акцијата Планинска бура
9 ноември 2007Реклама
Министерството за внатрешни работи на Македонија денеска ќе го презентира оружјето запленето во акцијата Планинска бура. Презентацијата треба да биде оддржна во касарната Ѓорче Петров а најавено е присуство на полициските аташеа од странските дипломатски преставништва во Македонија. Министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска ќе се сретне со дел од припадниците на Единицата за брзо распроедување кои
учествуваа во акцијата на Шар Планина.