1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МВР го истражува случајот со шведскиот сипломат

9 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bo3s

Македонската полиција ја продолжува истрагата за случајот со криумчарење луѓе од страна на шведски дипломат во Скопје и војници на КФОР од Косово. МВР соопшти дека во саботата шведскиот дипломат и војници од шведскиот контингент на НАТО со три џипови превезувале петмина членови на семејството Идризи од Косово кон скопскиот аеродром Алексдандар Велики од каде сакале да се упатат кон Шведска. Откако било утврдено дека немаат соодветни печати за влез во Македонија, тие биле вратени на преминот Блаце од каде избегале на косовска територија. На граничниот премин останал само дипломатот.