1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајкрософт се откажа од Јаху

7 мај 2008

Требаше да биде зделка што комјутерската бранша не ја доживеала. Мајкрософт го купува Јаху! Ваквиот наслов доминираше во медиумите во почетокот на февруари. Јаху одби, а сега и Мајкрософт ја повлече понудата.

https://p.dw.com/p/Dutp
Изостана зделката меѓу Мајкрософт и ЈахуФотографија: picture-alliance/ dpa

Се играше покер до последната минута, за на крајот шефот на Мајкрософт Стив Балмер да повлече сопирачка. Во интерес на акционерите е ако се повлече понудата, изјави Балмер. Во писмо до претседателот на Јаху, Џери Јанг, тој го искажа своето разочарување поради неуспешното преземање. Мајкрософт до крајот се обидуваше да му излезе во пресрет на Јаху и ја зголеми последната понуда од 45 милијарди долари за нови 5. Но, и тоа, според Балмер, не беше доволно: Јаху побара уште 5 милијарди и за Мајкрософт неприфатливви услови во договорот.

Со неуспехот на преземањето, балмеровите стратегиски планови засега не се исполнија. Со купувањето на Јаху, Мајкрософт имаше намера да ја прекине доминацијата на неговиот главен конкурент во интеренет потрагата Гугл, по потреба дури со непријателско преземање. Јаху на тоа реагираше со демонстративно приближување кон Гугл и тестираше меѓусебна соработка. Оваа алијанса остро ја критикуваше Мајкрософт, истовремено јасно ставајќи на знаење дека нема да преземе непријателско преземање. Мајкросфот, според Балмер, сепак може да ги оствари своите цели.

Во меѓувреме, Јаху делумно ја остави отворена вратата за Мајкрософт. Шефот на Јаху, Џери Јанг во вторникот најави интерес за нови преговори. Што значи тоа конкретно, ќе покажат наредните недели. Можно е Јаху во тоа да гледа можност да ги задоволи своите акционери. Многумина од нив имено, покажаа разочарување по одбивањето на понудата на Мајкрософт. За преземањето разговараа само шефовите на двете фирми, Балмер и Јанг, а акционерите на Јаху немаа можност да го искажат својот став за можната фузија.