1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајкрософт го купува Скајп

10 мај 2011

По рекордна цена од 8,5 милијарди долари софтверскиот гигант Мајкрософт го купува понудувачот на интернет телефонија Скајп. Мега зделката е соопштена вчера (10.05).

https://p.dw.com/p/11D7i
Фотографија: Skype.com

Конкурентите Фејсбук и Гугл се исфрлени од трката за купување на Скајп. Тој ќе премине во рацете на Мајкрософт за речиси 6 милијарди евра, а парите треба да бидат исплатени во кеш. Ова е најголемото преземање во 36-годишната историја на Мајкрософт. Според аналитичарите, цената е превисока, дотолку повеќе што Скајп во 2010 година беше во минус. Но, Мајкрософт сака да се носи со Епл и неговиот Ајфон, како и со Гугл и неговиот систем на пребарување.

NO FLASH Microsoft und Skype
Фотографија: picture alliance/dpa

Скајп во 2010 година имаше повеќе од 500 милиони регистрирани корисници. Oд нив, секој месец понудата на Скајп ја користеа околу 145 милиони луѓе, а за услугите плаќаа само 8,1 милион корисници. Концернот минатата година забележа минус од седум милиони долари. Дали купувањето на Скајп ќе биде мајсторско дело или бездна за Мајкрософт - тоа е едно од највозбудливите прашања во светот на информатичката технологија. Софтверскиот гигант, во секој случај, настојува по секоја цена да стане противтежа на Епл и Гугл во интернет-ерата.

Автор: ЕМФ/ртр

Редактор: Трајче Тосев