1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мастер студии со стипендија од „Дојче веле“

Академијата на „Дојче веле“ (DW - Akademie) нуди стипендии за млади новинари и менаџери од областа на медиумите, комуникациите и односите со јавност. За стипендиите можат да се пријават и државјани на Македонија.

https://p.dw.com/p/GErB
Меѓународни студии за медиуми на Академијата на „Дојче веле“Фотографија: DW

На Академијата на „Дојче веле“ студентите имаат можност да се стекнат со потребните знаења за новинарската професија. Како да се дојде до информации, да се воспостави комуникација и сл.

Постдипломските (мастер) студии се можност за доусовршување, подготовка за идните професионални предизвици и преземање на одговорни и водечки функции во медиумите.

ims master
Постдипломски студии

Главна карактеристика на студиите на Академијата на „Дојче веле“ се интердисциплинарност, интернационалност и транспарентна структура на студирање. Фокусот на постдипломските студии е во спојот меѓу комунуникациските, социолошките, педагошките и економските науки.

Потребни претквалификации за мастер студиите се успешно завршени студии (факултетска диплома) и најмалку едногодишно новинарско искуство.

Со оглед дека предавањата на мастер студиите се одвиваат на германски и на англиски јазик, потребен е доказ и за познавање на овие два јазика.

Притоа се признаваат само дипломи на реномираните институции кои нудат тестови за познавање на јазици, како на пример Гете институтот (Goethe Institut) или Британскиот совет (Britisch Council).

На крајот на студиите се добива диплома Master of Arts. Студирањето трае 18 месеци (четири семестри). Вкупните трошоци за студирање изнесуваат 6.000 евра (250 евра месечно).

Бројот на стипендии е ограничен. Поради тоа јавете се што е можно побргу. Повеќе информации на англиски и на германски јазик можете да најдете на следнaва интернет адреса:

www.dw-akademie.de

Истотака можете да се јавите или да испратите факс на следниве броеви:

Тел: +49.228.429.2031

Факс: +49.228.429.3520

Се разбира дополнителни информации можете да побарате и преку писмо испратено по пошта на следнава адреса:

Deutsche Welle

Kurt-Schumacher-Str.3

53113 Bonn

Deutschland