Масовно убиство во Колорадо
20 јули 2012Реклама
Полицијата го опколила трговскиот центар во кој е сместено киното, но засега нема детални информации дали крвавиот напад се‘ уште трае. Локалната телевизија КДВР јави дека станува збор за двајца напаѓачи, од кои едниот е веќе уапсен, а по вториот се трага. Си-Ен-Ен пак, јави за еден единствен напаѓач.
Според КДВР, напаѓачите влегле во кино-салата за време на проекцијата на новиот филм за Бетмен, фрлиле солзавец и почнале да ги убиваат луѓето. Тие носеле гас-маски и панцирни елеци. Локалните болници биле алармирани да примат поголем број пациенти. Според телевизискиот канал Ен-Би-Си тим на експерти за детонација е испратен на местото на настанот.