1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масакр во Хадита: нов американски скандал во Ирак

31 мај 2006

Подоробностите ги откри неделникот „Тајм„: на 19 номеври 2005 американските маринци во знак на одмазда за заинувањето на еден нивни припадник, убиле 24 Ирачани-цивили. Армиските нивоа се обиделе да ја сокријат вистината.

https://p.dw.com/p/Ae1H
Видео-снимка по масакрот во Хадита
Видео-снимка по масакрот во ХадитаФотографија: AP

За демократскиот пратеник Џон Мурта, по сканадлот во Абу Гариб, Соединетите Американски Држави сега се наоѓаат пред следната човечка и армиска катастрофа поврзана со името Хадита:

„Оваа војна требаше да ја водиме за демократијата, а сега таков удар. Подеднакво е лошо како и Абу Гариб, ако не и полошо„.

Мурта порано беше полковник во елитната единица на маринците и е шокиран од масакрот во ирачкиот град Хадита.

Текот на настаните го истражуваа новинарите, а според ЦНН во меѓувреме е потврден и од министерството за одбрана: на 19 ноември 2005 во 7 и 15 изутрина од скриена бомба загинал еден американски војник. Неговите другари тргнале во потрага по бомбашот. Застрелале четворица млади и еден такси-возач, влегле во една куќа и таму убиле седум лица, потоа во следната 8 и подоцна уште 4, вкупно 24 мртви, меѓу нив 8 жени и едно дете. Армијата првобитно тврдеше дека уште при експлозијата на бомбата загинале 15 Ирачани. Најнапред неделникот „Тајм„, а потоа и други американски медиуми ја открија страшната вистина: се наликува на вистинска егзекуција. Мотивот: одмазда.

Шефот на генералштабот Питер Пејс не сака да дава избрзан коментар:

„Истрагата е во тек за да се открие што точно се случило и зошто ние во Вашингтон дознаваме за тоа толку доцна„?

Но, на ова прашање веќе е одговорено: тоа беше масакр. Ги нема размерите како во 1968 година кога беа убиени 500 Виетнамци во Ми Лај, но случајот Хадита е со слична мостра.

Се чини и на второто прашање е одговорено: Ако американскиот генералштаб, а со него и Питер Пејс, за вистината во Хадита разбрале доцна, тогаш причина за тоа е што од пониски нивоа бил направен обид работата да се забошоти.

Наводно пратениците во Конгресот веќе биле предупредени да се подготват на нов бран незадоволство во светот кога ќе биде објавен официјалниот извештај за Хадита веднаш по завршувањето на истрагата. Веќе во наредните недели би можело да биде покренато обвинение за убиство против веројатните извршители.