1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масакр во Србија

ЖА/бета/миа/дпа9 април 2013

Србин на 60-годишна возраст со истрели од огнено оружје утрово уби 13 луѓе во местото Велика Иванча, кое се наоѓа меѓу градовите Младеновац и Топола во Србија. Во тек е полициската истрага.

https://p.dw.com/p/18C9F
Фотографија: Fotolia/wellphoto

60-годишниот Љубиша Б. пукал врз луѓето во негово соседството од огнено оружје, за кое веројатно имал дозвола, и убил шест мажи, шест жени и едно новороденче.

Напаѓачот потоа стрелал и во неговата сопруга во обид да ја убие и на крајот стрелал и врз себе. Според болнички извори, убиецот и неговата сопруга се здобиле со прострелни раби и се наоѓаат во критична здравствена состојба. На местото на трагедијата веќе се наоѓаат претставници на полицијата.

Мотивите на убиствата не се познати.