1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марти Ахтисари - добитник на Нобелова награда за мир

Коментар на Сибиле Нолте10 октомври 2008

Долгогодишниот посредник и искусен дипломат Марти Ахтисари е годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир. Тој а добива наградата за животно дело, а особено за посреднички мисии во Индонезија и во Косово.

https://p.dw.com/p/FXmz
Марти Ахтисари, поранешниот фински претседателФотографија: AP

Пвовторно на комитетот во Осло му успеа, со својата одлука за Нобеловата награда за мир да го изненади светот - не е крунисан ниту еден кинески дисидент во олимписката 2008 година, а и руската авдокатка за човекови права остана со празни раце. Сепак човек може само да му честита на жирито за изборот. Марти Ахтисари навистина во моментов не е на насловните страници, но со неговата досегашна работа, наградата ја добива повеќе од заслужено. Во светот важи за еден од најискусните дипломати на меѓународниот паркет. Со неговите посреднички мисии, во последниве децении многу спорни конфликти во политички експлозивните подрачја ги донесе поблиску до мир. Оттаму не е ни чудно што со години е редовен „гостин“ на листата со номинации на Комитетот.

Успеси во преговарачките мисии

Нобеловиот комитет особено ги нагласува неговите преговарачки активности во индоинезиска провинција Аче, каде имаше граѓанска војна. Сега малкумина се сеќаваат на крвавата граѓанска војна, којашто за три децении во регионот однесе десетици илјади животи. Конфликтот, за среќа сега е веќе историја, а за тоа пред се е заслужен Ахтисари.

Иако граѓанската војна во меѓувреме е падната во заборав, вреди уште еднаш да се потсетиме, бидејќи Аче ги покажува сите потенцијали, кои може да предизвикаат конфликт. Спор околу ресурси, меѓуетнички тензии, религиозен фундаментализам и проблеми со животната средина - опасна мешавина, којашто со соодветна испорака на оружје до инволвираните страни може да експлодира и на други политички полиња. Во Аче потоа дојде и разорното цунами, кое остави голем пустош долж брегот во оваа провинција. Да се искористи оваа криза како шанса е навистина врвна уметност на дипломатијата. Од урнатините на природната катастрофа израсна ново Аче, важна мирна провинција во повеќенационалната држава Индонезија. Историска иронија: речиси истовремено со објавувањето на Нобеловецот за мир, поранешниот шеф на бунтовниците Хасан ди Тиро се враќа во татковината. Граѓанската војна навистина е завршена.

Предизвикот Косово

Аче е само една, веројатно најзначајна станица во билансот за космополитот и миротворецот Марти Ахтисари. На листата има и други мисии, кои не завршија среќно за сите страни во конфликтите, како во Аче. Косово е втората важна мисија во посредничката кариера на поранешниот фински претседател. Тоа беше и неговата последна задача - независност на Косово, која во Србија и во Русија никогаш не наиде на прифаќање. Но без разлика дали се заложници или противници, спорот се префли на политичко ниво и не се решава со насилство.

И уште еден важен момент во неговата кариера: Марти Ахтисари седеше на маса и во преговорите за независност на јужноафриканската земја Намибија. Не треба да се очекува дека, во меѓувреме овој 71 годишен дипломат, по добивањето на Нобеловата награда ќе се повлече во инаку заслужена пензија. Во светот се‘уште има голем број конфликти, во кои се потребни неговиот посебен талент и тивка дипломатија.

Нобеловиот комитет годинава даде сигнал, колку се важни и делотворни преговорите при пронаоѓање на решенија за конфликтите низ светот. Немаше подобар кандидат од Марти Ахтисари за да се пренесе оваа порака.